Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ХАТАЈ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека операцијата на турската разузнавачка служба (МИТ) против балканската мрежа на терористичката организација ФЕТО во Косово не е ниту прва ниту последна, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во обраќањето пред редовниот конгрес на турскаста владеечка партија за правда и развој (АК партија) во јужната и погранична област Хатај изјави дека со ослободувањето на Африн од терористите на ЈПГ/ПКК, отстранета е опасноста по Хатај и додаде дека операцијаста „Маслинова гранка“ продолжува во Тал Рифат и останатите сириски градови окупирани од терористите.
„Одлучната борба против тероризмот ќе ја водиме се додека не го уништиме и последниот терорист. Нив им останува само да им се предадат на турските безбедносни сили или да сочекаат да им дојде редот да ги уништиме. Не можат да се сокријат, ќе ги најдем каде и да се“, порача Ердоган.
Укажувајќи и на одлучноста на Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО, Ердоган потсети дека турската разузнавачка служба (МИТ), на Косово фатила и ги префрлила во Турција шест терористи.
„Благодарен сум му на претседателот на Косово, но на премиерот можам да му кажам само срам да ти е. Историска грешка е што ги смени разузнавачите и министерот за внатрешни работи кои ни ги испорачаа терористите на ФЕТО. Тие само си ја работеа својата работа“, рече Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган рече дека е неприфатливо премиерот на Косово да ги прифати семејствата на фатените терористи и го спореди со неодамнешниот прием на терористите на ЈПГ/ПКК во Елисејската палата, во канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Турција, по САД е втората земја која ја призна независноста на Косово. Како сега можеш да работиш против Турција. Каква политика е тоа и чија е? Знам дека жителите на Косово се против оваа одлука на премиерот. Добро ги познавам Косоварите, а и тие мене добро ме знаат“, рече Ердоган.
Истакнувајќи дека Турција ќе продолжи да спроведува успешни операции против терористите на ФЕТО, Ердоган порача дека порано или подоцна, сите терористи ќе бидат изведени пред турските судски органи и ќе одговараат за своите злосторства.
„Наши пријатели и браќа се сите оние кои на турската фондација Маариф им ги предаваат училиштата на ФЕТО, кои ги затвораат предавничките гнезда кои делуваат под пластот на невладините организации и кои ќе ги фатат за уши и ќе ги протераат нивните агенти, скриени како бизнисмени“, порака турскиот претседател Ердоган.