Ahmet Gürhan Kartal
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ЛОНДОН (AA) - Британската премиерка Тереза Меј во Лондон го прими претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган по состанокот на конференцијата за медиуми рече дека Турција никогаш нема да ја прифати одлуката на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.
„Никогаш нема да го прифатиме обидот на САД да ја премести амбaсадата во Ерусалим и да го признае тој град како престолнина на Израел", рече турскиот претседател.
Додаде и дека индиферентната политика на САД го охрабри Израел на уште поголема окупација и насилство во Палестина.
„Историјата нема да ви прости, во тоа ќе се увериме. Историјата никогаш нема да му прости ниту на Израел, а и тоа ќе го видиме", рече Ердоган.
Премиерката Меј повика на спроведување, како што рече, независна и транспарентна истрага која би покажала што се случило во Газа.
Илјадници Палестинци вчера се собраа на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и американското преселување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
Израелските безбедносни сили со употреба на силата и огненото оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија, а во таа прилика се убиени најмалку 60 Палестинци.
Во реакциите кои стасуваат од светот, помеѓу останатото е наведено дека прекумерната сила е недозволена во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа по повод 70 годишнината од Накба, односно масовниот прогон на тој народ.