Merve Aydoğan
21 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
ХАКЌАРИ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, кој престојува во посета на турскиот воен персонал во турската југоисточна област Хакќари, во подрачјето на Јуксекова, и упати честитка до турските војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар ги посети безбедносните единици кои се дел од антитерористичките операции во југоисточниот дел на земјата.
Ердоган ги пренесе своите најдобри желби на војниците.
„Ви честитам на сите вам за оваа чесна борба... Уште еднаш ве поздравувам, со желба да се сретнеме на другите празници. Бог да е со вас.“
Акар, заедно со началникот на турскиот Генералштаб, Јашар Ѓулер, и со командантите на вооружените сили, ги посетија војниците утрово, на празникот Курбан бајрам, на заеднички појадок.
Министерот Акар ги пофали напорите на војниците во борбата против тероризмот и вети дека борбата против терористите ќе продолжи сè до целосно елиминирање на заканата.
Честитки по повод празникот Курбан бајрам преку Твитер упати и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.