Ömer Erdem,İdris Okuducu
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
КИРКУК (AA) - Екипата на Anadolu Agency (AA) е нападната во ирачкиот Киркук, место што е упориште на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај тоа што возилото во кое се наоѓале новинарот Хемн Бабан, фоторепортерот Јунус Келеш и камерманот Ихсан Мухамед беше мета на снајперистите, тие поминаа без повреди.
Екипата на AA одблиску ги следеше сите случувања во овој ирачки град во кој од вчера трааат уличните судири помеѓу ДЕАШ и безбедносните сили. Од Ербил дојдоа во Киркук, а како што Бабан рече откако дојдоа во центаот на градот ги следат сите счучувања следејќи ги безбедносните сили.
„Овие страшни моменти нема да ги заборавам до крајот на животот", порча новинарот Бабан додавајќи дека успеале по сигурен пат да го напуштат центарот на градот.
Камерманот Мухамед рече дека не сфатиле од каде снајперистот пукал на нив. Раскажа дека се обидоа да стасаат до безбедносните сили и барале помош.
Нападот се случи додека го фотографирале хотелот Џихад кој два дена бил под контрола на ДЕАШ, а кој денес го ослободија безбедносните сили.
„Веднаш по антитерористичките тимови сакавме да направиме фотографии од хотелот. Наеднаш безбедносните сили почнале брзо да се движат и со оглед дека е направена оддалеченост помеѓу нас станавме отворена мета на ДЕАШ", се присети Келеш.
Откако сфатиле дека се мета на ДЕАШ, според неговите зборови, веднаш влегле помеѓу зградите.
Членовите на терористичката организација ДЕАШ во ирачкиот град Киркук под контрола ги држат хотелите и јавните институции од кои снајперистите пукаат кон припадниците на безбедносните сили и цивилите.
Безбедносните сили ослободуваат некои делови од Киркук и зградите, меѓутоа, уште има места кои ги држат членовите на ДЕАШ и кои претставуваат нивни бази.
Еден од ослободените хотели е Џихад кој два дена беше под контрола на ДЕАШ. Хотелот се наоѓа во центарот на Киркук, а екипата на АА успеа да ја сними состојбата во хотелот веднаш по неговото ослободување.
ДЕАШ го користеше како база, а надворешните и внатрешните sидови се исполнети со траги на куршуми како доказ за жестоките борби кои се водени во тој дел од овој ирачки град.