Ekip
21 Август 2016•Ажурирано: 22 Август 2016
БРИСЕЛ (АА) - По терористичкиот напад во Газиантеп во Турција, во кој загина 51 лице, бројни европски официјални лица изразија поддршка кон Турција и нејзиниот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу нив се наоѓаат и високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, министерот за надворешни работи на Франција, Жан Марк Ајралт и германската канцеларка, Ангела Меркел.
Могерини и Хан во заедничкото соопштение го осудија терористичкиот напад на свадбата во Газиантеп, на семејствата на загинатите им изразија сочуство а на ранетите побрзо оздравување.
„Болката на луѓето погодени од војна и тероризам е и наша болка. Како ЕУ, изразуваме солидарност и соучество со населението на Газиантеп, владата на Турција и цела Турција. Ќе продолжиме со јакнење на соработката со турските официјални лица во борбата против тероризмот. Заедно сме во оваа борба. Од нас се очекува да го браниме мирот, демократија и безбедноста”, наведено е во соопштението.
Шулц изјави дека „тероистите на местото на кое се слави љубов и живот, посеале смрт и тага”.
Нападот на свадбата длабоко го потресе и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, кој на социјалните мрежи изјави дека е со семејствата на загинатите, но и цела Турција.
Германската канцелрка, Ангела Меркел, порача дека и Германија е со Турција во борбата против тероризмот. Мрекел во телеграмот на сочуство упатен кон премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, најостро го осуди овој напад.
„Повторно невини мажи, жени и деца беа жртви на овој страшен и кукавички напад. Нашите мисли се со загинатите и нивите семејства ”, истакна Меркел.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека терористичкиот напад на свадбата во Газиантеп го извршил бомбаш самоубиец на возаст помеѓу 12 и 14 години, активирајќи експлозив на себе.