Ekipa
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот Парламент денес гласаше за укинување на имунитетот од кривично гонење на лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентарците денес во мнозинство ја изгласаа одлуката за укинување на имунитетот на Марин Ле Пен за да се отвори пат за нејзино евентуално гонење поради тоа што на „Твитер“ објавила слики од насилство од страна на ДЕАШ. Ле Пен, која е еден од сериозните кандидати на претстојните претседателски избори во Франција, ги објави сликите како одговор на новинарот кој на свој цртеж ја поврза нејзината партија Национален фронт, која има антимигрантски став, со ДЕАШ.
Ле Пен се обиде да ја покаже разликата помеѓу двете групи, но тоа ѝ се удри од глава, бидејќи нејзините слики предизвикаа осуди во јавноста. Францускиот министер за внатрешни работи ја обвини за ширење на пропаганда на ДЕАШ.
Освен тоа што е лидер на француската десничарка партија Национален фронт, Ле Пен е и пратеник во Европскиот парламент.