Bekim Laci
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Заврши гласачкиот процес на парламентарните избори во Република Македонија, а истиот од страна на Државната изборна комисија (ДИК) е оценет како одличен во однос на организацијата и спроведувањето, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што најави претседателот на ДИК Александар Чичаковски, нa првата прес-конференција по завршувањето на процесот, на веб-страницата на ДИК почнаа да се објавуваат првичните резултати.
„Поради целосната транспарентност на собирањето на резултатите, истите ќе бидат објавени како што пристигнуваат од избирачките места до општинските изборни комисии. Сите резултати ќе бидат потврдени од страна на ДИК по добивањето на официјалниот записник на резултатите“, рече Чичаковски, според кој, рокот од пет часа за поднесување на записниците до ОИК, ќе овозможи целосната слика да се добие на полноќ.
Претседателот на ДИК не објави податоци за излезноста на гласачите, како што рече, тоа ќе се направи кога ќе се добијат сите резултати од избирачките места.