Admir Fazlagikj
12 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Според податоците на Државната изборна комисија до 21.45 часот од 303.365 преброени гласови ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 125.300 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 110.509 гласови, јавува Anadolu Agency (AA).
Трета партија е ДУИ со 20.346 гласови или 6,71 отсто. Партијата БЕСА осовиала 11.653 гласови, Алијанса за Албанците 8.049 гласови, ДПА 6.889, Коалицијата „ВМРО за Македонија“ 5.803 гласови, Коалицијата за промени и правда - трет блок 2.289, Левица 2.193, Либералната партија 938 глаасови и ПДП 234 до 21.45 часот.
На видеобимовите поставени во ДИК постојано се менуваат бројките онака како што електронски пристигнуваат резултатите од општинските изборни комисии.
Во очекување е прес-конференција на ДИК на која ќе се соопштат прелиминарните резултати од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 60,38 отсто.
На денешните деветти парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година, право на глас според Избирачкиот список имаа 1.784.416 граѓани.
На предвремените парламентарни избори граѓаните можеа да избираат меѓу 11 политички субјекти: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок, Партијата за демократски просперитет (ПДП), Коалицијата „Алијанса за Албанците“, Либералната партија, ВМРО-За Македонија, Движење БЕСА и Левица.
Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.