Vesna Besiç
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
САРАЕВО (AA) - Со поделба на белите ленти и запишување на поради на таблата поставена на Плоштадот на децата на Сараево одбележен е 31 мај- Ден на белите ленти во знак на сеќавањето на злосторствата над несрпското население во регионот на Приједор, јавувa Anadolu Agency (AA).
Денес се навршуваат точно 24 години откако српските власти во Приједор им наредија на Бошњаците и на Хрватите во тој град своите домови да ги одбележат со бели знамиња или чаршафи и при движењето на јавните места на ракавите да носат бели ленти. Целта беше да се знае кој каде живее. Потоа дојде до носење, апсења, масовни убиства, одземање на имотите на небошњаците во Приједор.
Денес од Сараево, како и претходните години, порачано е дека злосторството не смее да се заборави ниту да се повтори.
„Во рамките на акцијата "Заедно против фашизмот", на граѓаните на Сараево им се поделени белите ленти со што симболично се потсети на наредбата која ја издадоа воените власти на Приједор на 31 мај 1992 година- сите несрби во Приједор да ги означат своите куќи со бели платна, а по излегувањето од куќите да ја истакнат белата лента околу раката".
На Плоштадот на децата на Сараево, поставена е и табла на која граѓаните ги запишуваат своите пораки, кои потоа ќе ги подарат на некој од музеите во Сараево на трајно чување.
Акцијата на подигнување на свеста за случувањата во Приједор од 1992-1995 година заеднички ја организираа Здружението на жртвите и сведоците на геноцидот, Здружението на жртвите и сведоците на геноцидот, Движењето „Здружение на мајките на енклавите на Сребреница и Жепа" и Здруженито на родители на убиените деца на Сараево под опсада.
Босанско-херцеговскиот писател и сценарист, академик Абдулах Сидран ја напиша првата порака: „Приједорската бела лента е поцрна од секоја темница". Потоа, своите пораѓи ги пишуваа и граѓаните.
Мурат Тахировиќ, претседател на Здружението на жртвите и сведоците на геноцидот, порача дека на овој начин сакаат да дадат поддршка на граѓаните на Приједор, кои ги преживуваа ужасите од 1992-1995 година.
„Имаа обврска која личеше на Втора светска војна кога Живовите мораа да носат жолти ленти. Во Приједор, а колку што имам информација и во некои други градови имаа обврска да носат бели ленти како нечие обележје, за да можат да се препознаат и на тој начин беа изложени на огромни тортури. Ние на овој начин испраќаме порака заедно да се обидеме да се бориме против фашизмот кој се уште живее на овие простори, посебно во БиХ", истакна Тахировиќ.
Нагласи дека и денес се негираат злосторства направени во БиХ, не им се дозволува на родителите во Приједор да подигнат споменик за повеќе од стотина убиени деца.
„Тоа е продолжување на фашизмот", додаде Тахировиќ.
Мунира Субашиќ, претседателката на Движењето „Здружение на мајките на енклавите на Сребреница и Жепа" порача дека оваа здружение денес се солидализира со мајките на Приједор.
Висок советник во Здружението на жртвите и сведоци на геноцидот Елмина Кулашиќ од Козарац кај Приједорр на 24 мај 1992 година требаше да го слави седмиот роденден. Наместо да прославува, заврши во логорот Трнопоље. Од тогаш, таа дата за нејзе повеќе не претставува нејзин роденден, туку ден кога е прекинато нејзиното детство.
„31 мај е ден кога преку радио наредија дека со бели траки ќе се одбележи несрпското население, но до 31 мај ние веќе бевме во логори. Ова злосторство, настана пред 31 мај и нашите сакани тогаш исчезнаа. За моето семејството трагаме од 24 мај 1992 година. За мене оваа бела лента претставува темница која беше над БиХ, а првенствено во Приједор", истакна Кулашиќ.
Додаде дека белата трака која денес ја делат на граѓаните еден од начините е да се привлече внимание на невино убиените и да се сочува сеќавањето на нив.
„ И 102 деца се убиени во Приједор, и тие денес, се уште немаат споменик. Ако ништо, мислам дека тоа им го должиме и нивните имиња да се спомнуваат за да овој злочин не му се повтори на никого", порача Кулашиќ.