Ekipa
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Научниците на Хаваите регистрираа ретки слики на син пламен од метан што гори од пукнатините на вулканот Килауеа додека под нив излегува лава, пренесува Anadolu Agency (AA)
Снимените фотографии и видеозаписи нудат нов поглед на вулканската ерупција на Хаваите.
Американскиот геолог Џим Кауахукауа, кој го предводи истражувањето, за новинарите изјави дека ова е вторпат во неговиот живот да види син пламен за време на ерупција, додавајќи дека тоа е драматично и страшно.
Вулканот произведува метан во допир на жешката лава со растенијата и стеблата, а потоа гасот продолжува да тече низ земјата и преку постојните пукнатини. Метанот може да протекува низ пукнатините, иако е оддалечен од лавата неколку метри.
Геологот Венди Стовал вели дека метанот може да предизвика експлозија кога е заробен под земјата, a eксплозиите можат да ја фрлат лавата неколку метри во воздух.