Gülşen Topçu
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
МОСУЛ (АА) – Ирачките сили објавија дека се ослободени 9 села од ДЕАШ во рамките на операцијата за ослободување на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на здружената оперативна команда при армијата стои дека селата Харара, Ер-Расиф, Асфије, Тувеба, Ебу Фешге ел-Улја и ес-Суфла, Ахвене, Ајн, Еш-Шек ел-Улја и ес- Суфла и Ес-Сефије, кои се наоѓаат околу градчето Кајјара се ослободени.
Понатаму, во изјавата стои дека за време на спроведената операција се убиени 299 милитанти на ДЕАШ, а 20 возила со бомби и 45 бомби се неутрализирани. Нема информација за исчезнати припадници на ирачките сили.
Претходно, оперативната команда при Министерството на Пешмерга објави дека 8 села на североистокот на Мосул се ослободени, а гратчето Башика е под опсада.