Eşref Musa,Mohamad Misto
23 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад во областа Источна Гута е убиен уште 31 цивил, јавува Anadolu Agency (AA).
На подрачјето на Источна Гута, од утринава во нападите на Асад загинаа вкупно 56 цивили.
Силите и групите на Асад, кои се борат на нивната страна од понеделник наутро, вршат копнени и воздушни напади во населбите во Источна Гута.
Во интензивните режимски напади извршени во последните три дена, загинаа повеќе од 275 лица. Режимот во овој период погоди 22 здравствени центри, една џамија и едно сиропиталиште.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили.
Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, режимот на Асад во последните месеци ги интензивираше и нападите.
Кризата во тој регион секој ден е се поголема, а илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.