Bedrudin Brlyavac
22 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Пред седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк денеска се одржаа протести против нападите врз цивилите во источна Гута во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите во знак на протест за време на седницата на Советот за безбедност пред зградата на ОН паркираа камиони со транспортери на кои пишуваше „500.000 загинати во Сирија" и „Сеуште ништо не превземате".
Минувачите љубопитно го проследија овој несекојдневе протест.
Во интензивните режимски напади извршени во последните три дена, загинаа повеќе од 275 лица. Режимот во овој период погоди 22 здравствени центри, една џамија и едно сиропиталиште.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили.
Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, режимот на Асад во последните месеци ги интензивираше и нападите.
Кризата во тој регион секој ден е се поголема, а илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.