Bilgin S. Şaşmaz
20 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ХАЛИФАКС (АА) - Во Канада заврши 9. Меѓународен форум за безбедност Халифакс 2017, на којшто се дискутираше и за скандалот за време на воените вежби на НАТО во Норвешка, каде актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган и првиот претседател на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, се прикажани како цели, јавува Anadolu Agency (AA).
На Форумот присуствуваа и турскиот министер за Европска Унија (ЕУ) и главен преговарач Омер Челик како и началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар.
Челик и Акар имаа свое обраќање на форумот, што го одбележа скандалот за време на воените вежби на НАТО и настаните што следеа потоа.
На Форумот присуствуваше и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој на средбата со Акар го повтори извинувањето.
На Форумот беа организирани низа сесии на коишто е разговарано за мирот, оружјето, улогата на жената во воспоставувањето на мирот, за Русија, Блискиот Исток, но и за климатските промени.
Норвешките офицери се разрешени од должнот откако за време на вежбата на НАТО на 16 ноември, сегашниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган и првиот претседател Мустафа Кемал Ататурк беа претставен како цели. Во вежбите на НАТО учествуваа 41 турски војник, а по инцидентот, по наредба на турскиот претседател Ердоган, турските војници се повлекоа од вежбата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потоа во повеќе наврати упати извинување до Турција поради случувањата на вежбата на НАТО „Trident Javelin“ во Норвешка.