Mücahid Eker
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул, во присуство на повеќе од 10.000 посетители од 50 земји и 1.000 финансиски инвеститори, започна Самитот на глобалното финансиско учество (ГПАС), чиј глобален медиумски спонзор е Anadolu Agency (AA).
На свеченото отворање беше прочитана пораката на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Во таа пригода, Ердоган рече дека материјалните вредности ги засенија човековите вредности.
Тој додаде дека добрината, дарежливоста и солидарноста се вредности во кои турскиот народ предничи и дека во овој контекст, важно е дека токму Истанбул е домаќин на самитот кој првенствено ги третира прашањата како што се производство, инвестиции и зајакнување на економијата.
На програмата што се одржа во Конгресниот Центар „Халич“ зборуваше и заменик-премиерот на Турција, Мехмет Шимшек.
Самитот се одржува под покровителство на Канцеларијата на претседателот на Република Турција, а е поддржан од страна на Асоцијацијата на независни бизнисмени и индустријалци (MUSIAD), Унијата на турски банки (TKBB) и Унијата на комори и берзи на Турција (ТОBB), Канцеларијата за супервизија на Централната банка на Република Турција (BDDK), Управата за верски работи на Турција (Дијанет) и Советот за високо образование на Република Турција (YOK).
На дводневниот самит ќе бидат организирани 75 панел-дискусии, на коишто околу 200 учесници ќе им се обратат на претставници од секторот, бирократи, но исто така и на голем број академици од престижни универзитети.
Во рамките на самитот во Истанбул, голем број експерти од финансискиот сектор ќе зборуваат за концептот на хуманитарното финансирање, кои во својата основа го имаат првенствено човекот и човековите вредности.