Mahmut Atanur
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
ЏАКАРТА (AA) - Во земјотресот со јачина од седум степени кој во недела го погоди островот Ломбок, во Индонезија, загинаа најмалку 347 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бројот на смртно страдани потврден е од Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB). Најголем број загинати се на подрачјето Кајанган на северозападот на Ломбок.
Гласноговорникот на Националната агенција за управување со ризиците од природни катастрофи (BNPB) Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека во земјотресот се поврдени 1.477 лица.
Како што рече, во земјотресот се оштетени 43.000 објекти, меѓу кои меѓу кои се куќи, училишта, верски објекти и државни институции. Евакуирани се повеќе од 156.000 лица
Од метеоролошкиот центар соопштено е дека веќе не е на сила предупредување од цунами, издадено по земјотресот.