Can Erözden
26 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
ЈАЛОВА (АА) - Турската полиција врши претрес на две вили во турската северозападна област Јалова, во рамките на истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што истакнуваат полициски извори, полициските и жандармериските сили се наоѓаат околу вилите во подрачјето на Термал, Јалова.

Во тек е и преглед на бунар во градината на една од вилите.
На местото пристигнаа и две возила на противпожарната служба како и тимови на крим-техника.

Гувернерот на Јалова, Муамер Ерол, истакна дека Главното обвинителство на Истанбул ќе се произнесе во врска со претресот.
Во операцијата се користат и дронови и кучиња трагачи.
Инаку, на саудискиот новинар и колумнист во американскиот весник „Вашингтон пост“ („The Washington Post“) Џамал Кашоги, му се губи секаква трага по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Откако првин кажаа дека Кашоги го напуштил Конзулатот, неколку недели подоцна саудиските власти признаа дека тој бил убиен внатре, во Конзулатот, префрлајќи ја вината врз група саудиски оперативци.