Çiğdem Alyanak
26 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, информираше дека се урнал воен хеликоптер кој во местото Самандира изведувал лет за обука. Во несреќата животот го загубија 4 војници, а еден војник е повреден, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Јерликаја за АА даде изјава за несреќниот случај со воениот хеликоптер. Хеликоптерот првенствено удрил во покривот на една четирикатница во населбата Санџактепе, по што паднал на улицата.

Гувернерот Јерликаја информираше дека пријавата за падот на хеликоптерот е заведена во 11:00 часот по локално време.
Хеликоптерот му припаѓал на Воздухопловниот полк при 1. воена команда во Самандира и изведувал лет за обука. Воениот хеликоптер се урна од засега непознати причини.
„Загинаа 4 војници, 1 е повреден. Започната е истрага за откривање на причините за несреќата. Во тек се активности на местото на несреќата“, истакна Јерликаја, гувернерот на Истанбул.