Muhammed Emin Canik
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
БУЕНОС АИРЕС (AA) - Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, за време на антивладините протести одржани во оваа земја се прогласи себеси за привремен претседател на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Положувам заклетва за официјално преземање на функцијата претседател на државата на Венецуела со цел да се стави крај на узурпирање на владата, да се формира привремена влада и да се одржат слободни избори“, истакна Гуаидо во своето обраќање пред своите поддржувачи на антивладините протести одржани во главниот град на Венецуела, Каракас.
Тој упати апел до народот да го поддржи.
„Знаеме дека ова не е работа која може да се изврши од страна на едно лице, и ќе има псоледици. Нема да дозволиме да се спречи оваа голема национална моќ и движењето за надеж“, додаде Гуаидо.
Гуаидо информираше дека ќе продолжат антивладините протести. „Дали ќе се умориме? Не. Ќе покажеме отпор се додека да постигнеме демократија, слобода, вода, природен гас, се додека лебот да стигне до трпезата на секој Венецуелец“, рече тој.