Hasan Esen
23 Март 2016•Ажурирано: 24 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - По терористичкиот напад вчера во Брисел, во цела Белгија, денес е ден на жалост, а на пладне граѓаните со едноминутно молчење им одадоа потчит на настраданите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во комплексот зградата на Европската комисија во чест на жртвите на тероризмот присуствуваа белгискиот крал Филип, кралицата Матилда, премиерот на земјата, Чарлс Мишел, неговиот заменик, францускиот премиер Мануел Валс, претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, членовите на Комисијата и многу други официјални претставници.
Делегација од Јункер, Мишел и Валс по една минута молчење ја посетија метро станицата и положија цвеќе во знак на жртвите во нападот што се случи на оваа локација.
Паралелно со тоа, илјадници граѓани им оддадоа почит на жртвите од вчерашниот напад со палење свеќи и положување свежо цвеќе на плоштадот во Брисел. Една минута молчење и емотивни пораки од околу 2.000 граѓани од Брисел, го осудија тероризмот и терористите.
"Никогаш не верував дека такво крвопролевање толку брзо и одеднаш може да се случи. Од една страна сум тажна, но од друга лути. Ние мора да шириме љубов, а не омраза и смрт околу себе. Неверојатно е дека само два месеци по нападот во Париз повторно се собираме во чест на жртвите на тероризмот, сега во Брисел ", рече еден од граѓаните.