Европа точно напладне застана за минута
Церемониите на одавање чест на загинатите во париските масакри, организирани се ширум Франција, Гермианија, Австрија, Италија, земјите од Балканот, Шпанија, Австрија, Белгија …
?????
16 Ноември 2015•Ажурирано: 17 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Во повеќето европски земји точно напладне одржано е едноминутно молчење по повод загинувањето на 129 невини жртви во низа терористички напади во петокот вечерта во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Едноминутно молчење е одржано н+ширум Франција, помеѓу останатото и во Париз, главниот град на оваа земја, кадешто и се случија масакрите.
Видно потресени се и граѓаните на Плоштадот на Републиката и запалија свеќи, а потоа ја отпееја француската химна.
Парижаните и во улицата Champs Elysees како и на плоштадот Трокадеро со едноминутен молк одадоа почест.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот на Франција Мануел Валс се придружија на церемонијата на Универзитетот Сорбона организирана по повод страдањето на жртвите, помеѓу кои има и нивни студенти.
Со Франција се солидализираа и неколку илјади граѓани на Берлин, кои со едноминутен молк, палење на свеќи и полагање на цвеќе пред Бранденбуршката капија во Берлин одадоа почест на жртвите.
Граѓаните нешто пред пладне почнаа да се собираат пред симболот на Берлин донесувајќи со себе свеќи и транспаренти со кои повикаа на мир. На некои од нив, покрај Париз испишано е: Сирија, Анкара, Бејрут, Ирак, што ги симболизира местата каде во последните месеци се извршени смртоносни терористички напади.
Граѓаните испишуваа пораки на мир полагајќи на тлото ружи и нацртани симболи на мир, во чиј фокус беше Ајфеловата кула, симболот на Париз.
Почит на загинатите одадоа и жителите на Белгија,В. Британија, Италија, Шпанија, Холандија, Австрија и земјите на Балканот.
Во нападите во Париз загинаа 129