Ramazan Turgut
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
МЕКА (AA) - Најмалку шест лица загинаа кога бомбаш-самоубиец се разнесе покрај полициски пункт во близина на џамијата на Пратеникот во Медина, второто свето место во исламот по Мека, јавуваат саудиските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил за време на ифтарот, а медиумите јавуваат дека меѓу загинатите има цивили, припадници на безбедносните сили и напаѓачот.
На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа чадот кој избива од запаленото возило во близина на џамијата на Пратеникот.
Пратениковата џамија е местото каде што е погребан Пратеникот Мухамед.