Duygu Yener
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот на Турција, Бекир Боздаг, коментирајќи го усвојувањето на нацрт-резолуцијата за Кудс на Генералното собрание на ОН, истакна дека ваквата одлука покажала оти палестинското прашање се однесува на целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ваквата одлука на ОН покажа дека Кудс не е само прашање на Палестинците и муслиманите туку на целото човештво. Членките на ОН се обединија како што беа единствени и исламските земји“, изјави Боздаг.