Merve Yıldızalp
15 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на владата на Р. Турција, Бекир Боздаг, во објава на социјалната мрежа Твитер (Twitter) напиша дека соработката на САД со ПЈД/ЈПГ, огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, во борбата против терористичката организација ДЕАШ е играње со оган, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Соработката на САД со ПЈД/ЈПГ, огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, во борбата против терористичката организација ДЕАШ наместо да соработува со Турција, потоа поддршката со илјадници шлепери оружје, како и сега со формирање на таканаречена 'армија против тероризмот' под маската на 'Силите за гранична безбедност на Сирија', е играње со оган“, истакна Боздаг.
„Досегашната поддршка на САД на ПЈД/ЈПГ под изговор за борба против терористичката организација ДЕАШ, како и чекорите кои се најавени дека ќе бидат направени, не се поклопуваат ниту со пријателството, ниту со сојузништвото, ниту со моделот за партнерство, ниту со стратешкото партнерство“, нагласи Боздаг.