Özcan Yıldırım
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Портпаролот на кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, истакна дека Турција ќе продолжи со преземањето неопходни мерки со цел осигурување на безбедноста во рамките на националните интереси, и додаде дека Турција го задржува секое право за каква било интервенција врз терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин пренесе дека во писменото соопштение на Меѓународната коалиција до одредени медиуми се наведува дека „се реализираат работи со цел формирање и обучувуање на Сириските демократски сили (СДС) и Граничните безбедносни сили на Сирија“.
Калин нагласи дека Соединетите Американски Држави (САД) наместо да стават крај на поддршката за ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК, која ја пружаат под изговорот за борба против ДЕАШ, тие прават загрижувачки чекори за да се легитимира оваа терористичка организација и да стане постојана во регионот.
„Апсолутно не е можно да се прифати оваа состојба. Турција, во рамките на изјавите на нашиот почитуван претседател (Реџеп Таип Ердоган), како што беше до денес, и во наредниот период со одлучност ќе ја продолжи својата борба против сите терористички активности, како во рамките на своите граници така и надвор од границите. Турција ќе продолжи со преземањето потребни мерки со цел осигурување на безбедноста во рамките на националните интереси.“, рече Калин, истакнувајќи дека Турција го задржува секое право за каква бил интервенција врз терористичките организации кои се легитимна цел.