Adem Demir
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Реставрираната бугарска православна црква Свети Стефан во Истанбул, кој минатата недела официјално беше отворена, веќе го привлекува интересот на голем луѓе, јавува Аnadolu Agency (AA).
Храмот позат како „Железната црква“ се наоѓа на брегот на заливот Златен рог и е уникатна по тоа што е комплетно изработена од ковано железо.
Меѓу многуте домашни и странски туристи кои ја посетуваат црквата, исто така има и многу Бугари.

За реставрацијата беа потрошени околу 16 милиони лири (околу 3.49 милиони евра), од кои 13 милиони лири (околу 2,84 милиони евра) беа доделени од страна на градот Истанбул.
Христо Копано, член на управниот одбор на Фондацијата на Бугарската православна црква, вели дека интересот на посетителите е голем.
Според него, од отворањето минатата недела црквата ја посетиле околу 2.000 луѓе.

„Станува збор за црква која привлекува внимание. Кога ќе помине уште малку време, ќе привлече уште повеќе посетители“, рече Koпано.
Тој е убеден дека многу луѓе ќе дојдат да ја посетат оваа црква, без разлика дали ќе бидат туристи од странство, или луѓе кои живеат во Турција.
Koпано истакна дека Железната црква е отворена секој ден од неделата.

„Овде може да дојде секој да се моли. Воопшто не е важно на која религија или нација припаѓаат, ниту пак јазикот што го зборуваат“, додаде тој.
Романката Марија Татару, која живее во Истанбул, рече дека сакала да ја искористи првата пригода и да ја посети црквата.
„Многу е убава. Мислам дека многу луѓе ќе дојдат да ја видат оваа убавина“, додаде Татару.