İdris Okuducu
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Претседателот на Курдската регионална управа во северен Ирак, Месут Барзани, порача дека таканаречениот референдум за независност кој е противуставен, ќе се одржи утре, јавува Anadolu AGency (AA).
Во соопштението од канцеларијата на Барзани се наведува дека Барзани во претседателксата резиденција во подрачјето на Салахадин во Ербил го пречека претставникот на Обединетите нации (ОН) за Ирак, Јан Кубис.
Според соопштението, Барзани и Кубис разговарале околу реферндумот кој се планира да се одржи утре.
Во ова соопштение се вели дека Барзани во врска со апелот на меѓународната заедница и на ОН за откажување на референдумот на Кубис му рекол дека референдумот е наједноставната форма на демократија, и дека народот донел одлука, нема враќање од тоа, и оти на 25 септември референдумот ќе се спроведе.
Барзани нагласил и дека се отворени за дискусија со Багдад, и дека вратите не се затворени. Тој додаде дека можат да дискутираат во врска со прашањата за границата и за останатите прашања далеку од судири, во една мирна атмосфера.
- Спорната одлука за референдум на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак -
Претседателот на Регионалната курдска управа на северен Ирак, Месут Барзани, по средбата со политичките партии одржана на 7 јуни, соопшти дека на 25 септември 2017 година ќе се одржи референдум за независност, вклучувајќи го и Киркук, и останатите спорни региони.
Од друга страна, ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, по објавувањето на референдумот истакна дека тој е противуставен, и оти нема да се прифати резултатот од овој референдум. Федералниот суд на Ирак поради истата причина донесе одлука за укинување на референдумот, прогласувајќи го за неважечки.
САД предупредија дека одлуката за одржување на референдумот е ризична, и упатија апел за итно откажување на референдумот.