Erbil Başay
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
БЕРЛИН (АА) - Во Германија денеска се одржуваат избори на кои 61,5 милиони регистрирани гласачи бираат нови членови на германскиот Парламент, Бундестагот, а гласаше и германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за 19-те по ред парламентарни избори на кои се натпреваруваат 42 политички партии и вкупно 4.828 кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 18 часот, а прелиминарните резултати се очекуваат неколку часа подоцна.
Актуелната канцеларка и лидер на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU), Меркел, гласаше на избирачкото место на Универзитетот Хумболт во Берлин.
Канцеларката Меркел пристигна на гласачкото место во придружба на нејзиниот сопруг Јоаким Зауер, а од избирачкото место замина без изјава за новинарите.
Во Берлин денеска гласаа и претседателот на Германија, Франк-Волтер Штајнмаер, а лидерот на Социјалдемократската партија (SPD), Мартин Шулц гласаше утрово во Вурселен.