Ruslan Rehimov
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
БАКУ (АА) - На референдумот во Азербејџан, според неофицијалните резултати, за промена на Уставот гласале 86,6 отсто од гласачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Централниот изборен комитет во Азербејџан ги објави неофицијалните резултати од спроведениот референдум за промена на 23 члена од Уставот и додавање на 6 нови члена.
Комитетот кој ги објави неофицијалните резултати од гласањето за 29-те члена, даде опис за резултатите по секој член одделно и според просечниот резултат, 86,6 отсто од гласачите гласале „за“ промени во Уставот на Азербејџан.
Во Азербејџан со право на глас се заведени 5.260.000 гласачи, од кои на референдум излегле 3.671.000, што претставува излезност од 69,7 отсто.
Референдумот е спроведен на 5.628 изборни места. Државјаните на Азербејџан кои живеат во странство гласале на 38 изборни места. Изборите ги следеа 53.300 локални и 117 странски набљудувачи.
- Уставните измени носат новини -
На предлог на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, пред народот беше претставен референдум за новите Уставни измени со кои мандатот на претседателот на државата е зголемен од 5 на 7 години, отстрането е ограничувањето кандидат за претседател на држава да може да биде лице со „најмалку 35 години старост“, на претседателот на државата му е овозможено да свика предвремени претседателски избори.
Меѓу уставните измени, место заземаат и формирањето на функции како што се „прв помошник на претседателот“ и „претседателски помошници“. Во овие функции, ангажирањето и разрешувањето е во надлежност на претседателот. Претседателскиот прв помошник ќе има право на имунитет. Во отсуство на претседателот, сите права и одговорности преоѓаат на првиот помошник.
Во делот од уставните измени за „Правото на сопственост“, се додаваат членовите „Социјална одговорност за приватната сопственост“ и „за поефикасно користење на земјиштето; може да се ограничи употребата на земјиштето со законот за правото на сопственост“.