Ekipa
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, изјави дека Велика Британија се спротивставува на планот на Европската Унија (ЕУ) за формирање војска на ЕУ или какво било друго воено седиште, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе ја отфрлиме секоја идеја за формирање на војската на ЕУ; НАТО мора да остане темелник на нашата одбрана“, изјави британскиот министер.
На прашањето дали Велика Британија во тој случај би ставила вето, Фалон истакна дека не постои мнозинство за формирање на војската на ЕУ.
Во европската јавност, во изминатите денови се појавија шпекулации дека раководството на ЕУ договара формирање на заедничка воена единица што ќе биде надополнување на НАТО.
Откако Велика Британија ја напушти Унијата, официјалните претставници на Франција и на Германија повеќепати ја нагласија можноста за јакнење на европската одбранбена соработка.