Ekipa
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
БЕРЛИН (АА) - Две експлозии одекнаа синоќа во германскиот град Дрезден, потврди дрезденската полиција нагласувајќи дека нема повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Две експлозии ги потресоа џамијата и Меѓународниот конгресен центар.
„Иако сѐ уште нема потврда за тоа, претпоставуваме дека станува збор за ксенофобични напади“, соопшти полицијата на Дрезден.
Во џамијата, во моментот на експлозијата се наоѓале главниот имам, неговата сопруга и двата сина. Вратите на џамијата се уништени.
Полицијата веднаш го зајакнала своето присуство во близина на останатите џамии во Дрезден.
Експлозијата во Меѓународниот конгресен центар се случила непосредно по првата. Полицијата тврди дека експлозивната направа експлодирала на терасата.
Објектот и персоналот на соседниот хотел се евакуирани, а на двете локации се пронајдени остатоци од рачно изработена експлозивна направа.