Mohammad Fahim Abed
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
КАБУЛ (AA) - Најмалку 30 талибани се убиени во два воздушни напади на американските беспилотни летала на подрачјето на Хелманд на југот на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападите се ранети седум талибани. Гласноговорник на авганистанската војска во Хелманд Мухамед Расул Зазаи рече дека американските беспилотни летала во петокот, во попладневните часови изведоа два воздушни напади на положбите на талибаните на подрачјето Марџа во Хелмонд.
Според неговите зборови во првиот воздушен напад убиени се 20 талибани, а во вториот десет. Авганистанските сили изведоа напади во координација со американските сили и немаше цивилни жртви.
Еден од гласноговорниците на талибан Кари Јусуф Ахмеди рече дека во овие воздушни напади талибаните не претрпеле штета како и дека сите жртви се цивили.