Enes Kaplan
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш остварија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на претседателот на Република Турција соопштија дека двајцата претставници разговарале за прашањето на поддршката на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA), како и за најновите случувања во Сирија.
Турскиот претседател истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Агенцијата за помош на палестинските бегалци, за која рече дека извршува многу важна работа.
Гутереш, исто така истакна дека многу е значајна поддршката што Турција ѝ ја дава на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци.
Ердоган и Гутереш ја истакна важноста од интензивирање на напорите за пронаоѓање политичко решение за кризата во Сирија со цел жителите на таа земја да живеат во мир.