Mustafa Yıldırım
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
ИЗМИР (АА) - Во заедничка акција на турската полиција и турската разузнавачката служба МИТ во западниот турски град Измир уапсени се четворица припадници на терористичката организација ДЕАШ, меѓу кои и K.E.Х., едно од водечките имиња на терористичката организација, јавува Anadolu Agecy (AA).
Припадниците на полицијата во Измир и Разузнавачката служба на Република Турција (МИТ) спроведоа акција по најавата дека во Измир се наоѓа припадник на терористичката организација ДЕАШ K.E.Х., и дека станува збор за еден од командантите на ДЕАШ одговорен за регионот на сирискиот град Деир ез-Зор и околината.
Во акција на полицијата и разузнавачите K.E.Х. е уапсен, со уште тројца припадници на ДЕАШ, чија цел била да се инфилтрираат меѓу мигрантите и така да избегаат во странство.
K.E.H се смета за едeн од одговорните лица за масакрот врз околу 700 цивили во сириското гратче Шаидат, на 14 декември 2017 година. Освен тоа, K.E.Х. е и близок роднина на терористот Садам Џамал, инаку еден од најблиските соработници на водачот на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Бекр ал-Багдади.
Уапсениот терорист е ранет во Сирија, а неговите фотографии по ранувањето се објавени и на социјалните мрежи.
Во истата акција, уапсени се уште три водечки имиња на терористичката организација M.M., M.E.З. и O.M., кои побегнале од северниот дел на регионот откако на ова подрачје започнаа акциите на Вооружените сили на Република Турција.
Со оглед дека се работи за водечки имиња, наведено е дека е зададен тежок удар на терористичката организација.
Криминалистичката обработка на уапсените е во тек.