Özcan Yıldırım
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency (AA) успешно го изврши следењето и ја информираше јавноста во Турција и светот во врска со референдумот за уставни промени кој денес е одржан во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА во текот на денот известуваа од терен, а АА преку посебно онлајн емитување „ Референдум 16.април 2017” од минута во минута на претплатниците брзо и сигурно им обезбеди информации од терен.
АА по пат на посебно онлајн емитување започна да доставува резултати од источните градови на Турција, каде бирачките места се затворени во 16 часот по турско време, а потоа и за останатите турски градови. Врховната изборна комисија за укина забраната за објавување на податоци во 18.01 часот.
АА во рок од 2,5 часа по затворањето на гласачките места ги достави првите неофицијални резултати од изборите на претплатниците, и така на успешен начин го заврши петтиот изборен процес кој до денес го следеше од минута во минута.
Веб страницата на АА за време на референдумот оствари повеќе од милион посетувања, а емитувањето е објавено на 11 јазици.
Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АА, Шенол Казанџи, потврди дека пребројувањето на гласовите е завршено, и дека поголемот дел од граѓаните на референдумот кажале 'да'.
Тој додаде дека АА претрпела и сериозни напади на системот на емитување на вести, но благодарејќи на сериозната подготовка и многу квалитетната инфраструктура овие напади не влијае негативнона процесот на следење на референдумот.
Казанџи им честиташе и им се заблагодари на вработените на АА на успешно завршената работа.