Fatih Hafız Mehmet
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
АСТАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Казахстан денес објави дека следната рунда мировни преговори за Сирија во Астана ќе се одржат во главниот град на Казахстан на 28 и 29 ноември, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за новинарите, Кајрат Абдрахманов рече дека земјите гаранти Турција, Русија и Иран се согласиле за датумот на 11. состанок за Сирија.
Абдрахманов истакна дека на состанокот се планира учеството на земјите гаранти, претставници од режимот на Башар ал Асад и претставници на сириската воена опозиција.
Тој додаде дека на состанокот како набљудувачи се поканети Обединетите нации (ОН) и Јордан.
Првиот состанок во Астана за постигнување примирје во Сирија се одржа во јануари 2017 година.
Девет состаноци се одржаа во Астана, додека 10. рунда преговори се одржа во Сочи, Русија, во јули.