Süleyman Tunç
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
ГАЗИАНТЕП (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во градот Газиантеп изјави дека Турција своите браќа во соседна Сирија не може да ги остави на милост и немилост на злосторниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган престојуваше во турскиот град Газиантеп, каде што се обрати на церемонијата организирана по повод претставувањето на кандидатите на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) од овој град, на локалните избори кои во Турција ќе се одржат на 31 март оваа година.
Во фокусот на обраќањето на Ердоган беше борбата против тероризмот.
„Во последните две години уапсивме околу 8.000 припадници на ДЕАШ, за повеќе од 2.300 е одреден притвор“, рече Ердоган, и додаде:
„Милиони Сиријци ќе имаат можност да се вратат во своите домови откако Мунбич и Тел Рифат, и местата источно од Еуфрат ќе ги исчистиме од терористите.“
Додаде дека Турција не може своите браќа во Сирија да ги остави на милост и немилост на злосторниците.
„Додека ние тука живееме во мир и сигурност, не можеме нашите браќа (Сиријци) да ги оставиме на милост и немилост на злосторниците, не можеме да ги оставиме сами додека се изложени на бомбардирање“, порача Ердоган.
Подвлече дека неговата земја, од една страна со Русите и Иранците, од друга страна со Американците, но првенствено во соработка со сирискиот народ, е решителна да го спаси регионот од голема катастрофа.