Yusuf Şahbaz
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
ИЗМИР (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, во врска со локалните избори во Турција кои ќе се одржат на 31 март оваа година, истакна дека нема да дозволат на никого да фрли дамка или сенка врз изборите, да ја наруши изборната атмосфера и да клевети против турската политика и турската демократија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу имаше свое обраќање на изборниот состанок за регионална безбедност во Измир.
Сојлу потсети дека на претходните состаноци се сретнал со надлежните во другите региони во Турција, и дека слични состаноци одржале и по повод референдумот на 16 април 2017 година и парламентарните избори од 24 јуни 2018 година.
Сојлу нагласи дека за време на овие состаноци биле разгледани подготовките за изборите, посакувајќи овие избори да донесат добрина, да ја зајакнуваат решителноста на неговата земја и да донесат мир и спокојство во регионот.
„Што и да се случи, изборната порака се формира според резултатот на изборите и според волјата на народот“, рече Сојлу, додавајќи дека секои избори имаат своја порака, и дека некои избори упатуваат пораки за измени.
- Нема да дозволиме да се клевети против турската политика и турската демократија
Сојлу рече дека нивната задача како Министерство за внатрешни работи не се однесува на изборната порака.
Сојлу, осврнувајќи се на областа што е во нивна надлежност, додаде: „Бидејќи таа област е во врска со волјата на народот, и пораката е на народот. Нашата област на активности е во врска со изборната атмосфера. Можноста за остварување на слободата на изразување и изборната кампања на кандидатите и партиите, да не се случи некој безбедносен проблем за време на кампањата, да не се случи пречка во процесот на гласање.“
Турскиот министер за внатрешни работи нагласи дека во последните години преку изборна безбедност постојано биле вложувани напори за притисок и хаос за да се загрози изборната атмосфера.
„Нема да дозволиме на никого да фрли дамка или сенка врз изборите, да ја наруши изборната атмосфера според неговата желба и да клевети против турската политика и турската демократија“, рече Сојлу.
- Изборите не се одржуваат во дигитална средина
Меѓу другото, Сојлу истакна дека во последните години, откако компјутерските системи биле вклучени во процесот, се вложува напор за клевета.
„Изборите во Турција не се одржуваат во дигитална средина, ниту гласањето ниту броењето на гласовите не е дигитално. Затоа тврдењата околу тоа дека некои влијаат врз резултатите за време на броењето на гласовите со некој компјутерски софтвер или со некои кликнувања се без основа“, нагласи Сојлу.
Локалните избори во Турција ќе се одржат на 31 март 2019 година.