Michael Hernandez
07 Декември 2018•Ажурирај: 08 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес изјави дека портпаролката на Стејт департменот, Хедер Нојерт, ќе ја номинира за нов амбасадор на САД во ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Моменталната амбасадорка, Ники Хејли, во октомври најави дека до крајот на годината ќе ја напушти својата позиција.
Нојерт е поранешна водителка на „Фокс њус“ (Fox News) за која Трамп рече дека е многу талентирана, многу паметна, брза и верува дека ќе биде почитувана од сите.
Трамп, исто така, изјави дека ќе го номинира Вилијам Бар, кој беше јавен обвинител за време на претседателството на Џорџ Х. В. Буш, за замена на поранешниот јавен обвинител Џеф Сешнс, кој Трамп минатиот месец го натера да даде оставка.