Zuhal Demirci
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговори со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски и со американскиот државен секретар Џон Кери, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од дипломатски извори, Чавушоглу денес оствари одделни телефонски разговори со Попоски и Кери.
Во телефонскиот разговор со македонскиот министер за надворешни работи, Попоски, се разговарало за распоредот на меѓусебни посети во наредниот период.
Од друга страна, во текот на разговорот кој се оствари по барање на Кери, двете страни ги разменија своите мислења околу идните чекори кои треба да се преземат во однос на ситуацијата во Алепо, спречувањето на борбите кои продолжуваат во Сирија, како и дотурот на хуманитарна помош за оние кои имаат потреба.