Sercan Küçükşahin
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ЈОЗГАТ (АА) - Заменик-премиерот на Република Турција, Бекир Боздаг, изјави дека она што Осама бин Ладен претставува за Соединетите Американски Држави (САД), тоа водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен претставува за Турција.
Боздаг ја пости Канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Јозгат, Турција, и притоа се осврна на претстојните претседателски и парламентарни избори кои во Турција ќе се одржат на 24 јуни.
„Претседателските и парламентарни избори ќе бидат завршени во првиот круг. Сè ќе биде познато на 24 јуни меѓу 22.00 - 23.00 часот (по локално време, заб.ав). Турција ќе гледа напред. Ќе го продолжи својот пат со новиот систем. Не се очекува втор круг“, истакна Боздаг.
Тој се осврна и на проектот за американските авиони F-35.
„Не очекувам дека ќе дојде до проблеми за време на денешната испорака. Испораката најверојатно ќе биде извршена. Проектот F-35 не е американски проект. Тоа е и турски проект. Тука има и други партнери, проектот е мултилатерален“, рече Боздаг.
Тој потсети дека водачот на терористичката организација ФЕТО престојува во Пенсилванија, САД, и дека изминати се две години од барањето на Турција за негова екстрадиција.
„Во моментов, основачот на ФЕТО која води терористички активности против Турција, Ѓулен, и неговите терористи во Пенсилванија делуваат слободно. Го зајакнуваат темпото кога станува збор за терористичките активности против Турција. Досиејата за барањето на Турција за екстрадиција чекаат повеќе од две години. Не се испратени во судска процедура“, изјави Боздаг.
Тој укажа и на можноста од нарушување на односите помеѓу Турција и САД доколку не биде испорачан Ѓулен.
Истакна дека американските претставници треба да се откажат од неиспорачувањето на Ѓулен на Турција.
„Она што е Осама бин Ладен за американскиот народ и за САД, тоа е терористичкиот водач Ѓулен за Турција и за турскиот народ. Турција да го штити Осама бин Ладен, како што САД го штитат ФЕТО, како американскиот народ и САД би гледале на Турција? Се надеваме дека овој став на американските претставници нема да продолжи“, порача Боздаг.
Тој нагласи дека операцијата на подрачјето на планината Кандил во северен Ирак продолжува.
„Изборите нема да ја пролонгираат борбата против тероризмот, ниту пак ќе ја сопрат. Турција и претходно организираше низа избори и референдуми. Ниту еднаш не беше пролонгирана борбата против тероризмот“, потсети Боздаг.