Alp Özden
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Нуретин Џаникли, денес во Анкара изјави дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, која е во тек на подрачјето на Африн во Сирија, неутрализирани се најмалку 649 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Џаникли денес ги информираше пратениците во Парламентот на Република Турција за активностите на турската војска во операцијата „Маслинова гранка“, во северниот дел на Сирија.
„Во рамките на операцијата 'Маслинова гранка' досега се неутрализирани најмалку 649 терористи. Во воздушните напади на нашите сили погодени се најмалку 458 позиции, кои вклучуваат терористички засолништа и складишта за муниција. Во рамките на акцијата на копнените сили погодени се најмалку 4.370 цели“, изјави Џаникли и додаде: „Досега има 29 загинати херои, меѓу кои пет се припадници на Вооружените сили на Турција (ТСК) и 24 припадници на Слободната сириска војска“.
Џаникли нагласи и дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, Вооружените сили на Турција (ТСК) и Слободната сириска војска не предизвикаа цивилни жртви.
„Во операцијата 'Маслинова гранка' немаше цивилни жртви предизвикани од Турските вооружени сили и Слободната сириска војска. Фактот што нема цивилни жртви, и покрај политиката на терористите цивилите да ги користат како жив штит, е показател на искреноста на турскиот народ и вниманието кое го посветуваме на ова прашање“, појасни Џаникли.