İlhan Toprak
01 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека нападот на предавниците врз турскиот Парламент во обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО во никој случај не се разликува од окупацијата и затворањето на парламентот на Османлиската држава, што во март 1920 година го извршија окупаторските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган присуствуваше на доделувањето на наградите на Турската академија за науки (ТУБА) за 2016 година организирано во Анкара. Турскиот претседател им честиташе на научниците - добитници на наградите, и за нивниот придонес во науката.
„Не можеме да кажеме дека во потполност ги остваривме нашите цели. Но ако го видите она што го остваривме во изминатите 14 години, можете да забележите дека одиме по вистинскиот пат. Се надевам дека ќе ги оствариме целите за 2023, потоа 1053 и 2071 година. Тогаш ќе придонесеме кон изградбата на поубав, поправеден и побезбеден свет како за нашата земја и пријатели, така и за целото човештво”, изјави Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган истакна дека е важно да се биде успешен во пристапот од аспект на безбедноста, но дека е важна и борбата на полето на науката, уметноста, образованието, спортот, инвестициите но и медиумите.
Тој додаде дека за 14 години е поминат значаен пат и дека е подарено големо внимание на науката, научниците и научните истражувања. Тој во таа пригода потсети на турските мегапроекти остварени во блиското минато и ги истакна Мармарај, тунелот Евроазија, мостовите Јавуз Султан Селим и Осман Гази.
Според него, во Турција во 2015 година на истражување и развој се потрошени 20 милијарди долари, и дека поддршка треба да пружи и приватниот сектор.
Тој додаде дека во моментот кога дошол на власт, во областа на истражувањето и развојот биле вработени 29.000 лица, но дека тој број сега е зголемен на 120.000.
Турскиот претседател говореше и за полицајците, воените лица, професорите и бизнимените припадници на ФЕТО. Истакна дека е можно тие да завршиле познати училишта, но тоа не ја сокрива вистината дека мислите и срцето ги предале на еден шарлатан.
Ердоган изјави дека припадниците на ФЕТО го загубиле својот пат и дека заборавиле кои се и што се, па го прават само она што ќе им се нареди.
„Бомбардирањето на Големото народно собрание на Република Турција што го изведе ФЕТО, е исто како што беше и затворањето на Османлискиот меџлис (Собрание). И двата напади се извршени со иста цел и не постои никаква разлика. И во двата случаи предавниците сакаа да го срушат парламентот, што претставува институција на волјата на народот и да се подготви теренот за окупација на државата“, рече Ердоган.