СКОПЈЕ (АА) – Цивилниот сектор во Република Македонија со години наназад се обидува да изгради место и улога во општеството преку најразлични начини настојуваќи да ги артикулира потребите на различните групи на граѓани.
Еден од граѓаните кој што е активно вклучен во цивилниот сектор е политикологот Дениз Мемеди од Куманово. Во разговор за Anadolu Agency (АА) го споделува искуството од неодамна одржаниот 7. Глобален форум на Алијансата на цивилизации на ОН каде што присуствуваше како претставник на Македонија од цивилниот сектор. Мемеди за почеток на разговорот раскажува дека се работи за настан кој сe одржува секоја втора година во склоп на Обединетите нации.
„Алијансата на цивилизации е иницијатива, поддржана од страна на Шпанија и Турција уште во 2005 година на 59-то Генерално собрание на Обединетите нации. Тогаш двете влади предложија дека е момоентот наместо цивилизациите да креираат бариери и стереотипи да можат со заеднички глас да го кажат она што треба целите цивилизации да го слушнат за да можат сите цивилизации да се борат против теророт и тероризмот”, вели Мемеди откривајќи во продолжение за кои теми поконретно се разговарало како и поентата на истиот.
- Инклузивни општества
„На 7- Глобален форум главна тема беше заедничкото живеење, инклузивни општества, предизвици и цели. Поентата на овој форум како што беше кажано и во ОН е со цел да може од мултикултурните општества да се фокусираме во интеркултурните општества, каде етничките заедници ќе можат да имаат еден соживот, каде што може да проилегуваат резултати кои што ќе може да влијаат и на национално, но и на меѓународно ниво”, објаснува Мемеди.
На овој форум, тој беше еден од 150-те претставници од цивилниот сектор од различни земји. Меѓу другото, истакнува дека се разговарало за главните елементи кои можат да допринесат за остварување на предвидените цели како што се создавање на инклузивни општества.
„Еден од клучните елементи беше образовниот систем. Во тој дел каде младите генерации ќе можат повеќе да собираат информации и знаење за тоа што подразбира интеркултурното општество и како тоа може да се имплементира. Тоа беа главните моменти каде дадовме свој придонес, споделувајќи ги досегашните искуства од цивилниот сектор”, вели политикологот Мемеди, раскажувајќи за деталите околу темите на овогодинешниот Глобален форум на Алијансата за цивилизации.
Мемеди смета дека преку неформалното образование може многу да се продонесе во реализирањето на поставените цели на форумот, а кои се однесуваат и на Република Македонија како мултиконфеционална и мултиетничка држава која цели кон создравање на функционално интеркултурно општество, за што вели Мемеди, треба да се земат и искуствата од западните држави.
- На Балканот мултикултурализмот е создаден по природен пат
Меѓу другото, Мемеди за Балканот изјавува дека Балканот е едно од ретките подрачја каде што постои мултикултурализам по природен пат, при тоа цитирајќи го турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
„Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу вели дека Балканот е реткост и поради тоа што по природен пат постои мултикултурализмот. Значи, мултикултурализмот не се создал по пат на миграциите како што тоа е случај во западните држави”, наведува политикологот Мемеди додавајќи дека токму Македонија треба да даде пример како едно мултикултурно општество треба да функционира за што смета дека акцентот треба да биде ставен на образованието. На тој начин, верува политикологот Мемеди, би можеле да се отргант постоечките передрасуди и бариери, помладите генерации ќе знаат што е мултикултурното општество, како и која е нивната улога во него.
„Доколку се работи со младите кои ќе знаат дека не постои само една етничка заедница во Македонија, туку дека постојат и други етнички заедници, тогаш ќе можат да придонесат. Не може само поради тоа што една етничка заедница е мнозинство да одлучува за другите, туку сосема спротивното, и од другите етнички заедници имаме луѓе коишто би можеле да дадат свој придонес и би сакале оваа држава да се развие”, смета Мемеди.
Во однос на тоа како да се постигнат сите предвидени цели кои политикологот Мемеди ги наведува, тој кажува дека Обединетите нации веќе започнаа неколку иницијативи во врска со тоа. Исто така се реализираат некои проекти и во Република Македонија, особено во градовите каде што има разчични етнички заедници, како и дека голем дел од проектите се насочени во сферата на едукација на младите,а резултатие допрва ќе треба да го покажат ефектите од спроведените активности.
Освен образованието како клучен фактор во создавање на интеркултурно оптество, Мемеди како важни фактори ги наведува медиумите и политичката реторика. Во тој контекст, смета Мемеди, многу можат да бидат од корист образовните програми кои се реализираат на повеќе јазици, по теркот на некои образовни активности кои веќе се одвиваат во дел од мултиетничките македонски општини.
„Програмите се одвиваат двојазично, учениците можат слободно да си го искажат мислењето на својот мајчин јазик бидејќи има по двајца наставници или претставици од цивилниот сектор каде што зборуваат двојазично, сето тоа со цел да можат да се разберат. За жал имаме мултикултурно општество во кое општествата се поделени, не фрекфрентираат едни кон други, не комуницираат едни со други ...” , смета тој.
- Со поголема активност на младите во Генералните собранија на ОН до создравање на здрави генерации
Воден од искуствата за кои имал прилика да слушне на неодамнешниот форум во Баку, Мемеди уверува дека со воспоставување на програма каде младите претставници ќе бидат дел од настаните во организација на ОН може да дојде до значително подобрување на општествената состојба.
„Тоа треба да го поттигнат државните институции и невладиниот сектор. Од страна на државните институции треба да се даде зелено светло од страна на Министерството за образование и Министерството за надворешни работи, а исто така треба да имаме и комуникација со Националниот младински совет за да можеме да аплицираме за оваа програма каде што во иднина ќе можеме да пратиме млади претстаници кои што ќе ја претставуваат Македонија и ќе имаат свое излагање на генералните собранија во организација на ОН и тие ќе може да се информираат и искуствата да ги пренесат во Макеоднија кои ќе бидат користи на национално ниво”, предлага политикологот Мемеди.
news_share_descriptionsubscription_contact
