Asiye Latife Yılmaz
29 Април 2026•Ажурирај: 29 Април 2026
Фетусот изложен на повисоки нивоа на загадување на воздухот во време на рана бременост може да се соочи со доцнење во развојот на говорот по раѓање, во споредба со оние со помала пренатална изложеност, покажуваат резултатите од новото истражување објавено денес, јавува Анадолу.
Истражувањето спроведено од истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон врз 498 новороденчиња, откри дека фетусот изложен на азот диоксид и фини и ултрафини честички во првиот триместар може да покаже задоцнет развој на говорот по раѓање до својата 18-месечна возраст.
Според истражувањето, ефектите се поизразени кај предвреме родените бебиња, кај кои не е забележано само доцнење во говорот, туку и нарушување на моторните вештини.
Истражувачите истакнаа дека овие наоди укажуваат на тоа дека загадувањето на воздухот несразмерно ги погодува ранливите заедници, изложувајќи ги неродените бебиња на нееднакви здравствени ризици, што ја нагласува потребата од системски промени.
Тие додадоа дека истражувањето, кое е прво од ваков вид во Лондон што ја поврзува пренаталната изложеност на загадување со развојот на доенчињата, има глобални импликации.
Речиси целата светска популација дише воздух што ги надминува границите поставени од Светската здравствена организација, што го прави загадувањето водечки еколошки ризик за здравјето.