Ekipa
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
АФРИН (АА) - Турските вооржуени сили (TSK) и Слободната војска на Сирија во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ го ослободија стратешкото брдо Бурсеја во близина на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
ТСК и Слободната војска на Сирија изутрина започнаа операција за стратешко важното брдо Бурсеја, кое беше под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК, и се наоѓа во Азаз, во источното подрачје на Африн.
Репортерот на АА од терен соопшти дека стратешкото брдо Бурсеја е ослободено.
Станува збор за стратешки важен рид кој се наоѓа североисточно од центарот на Африн и од кој терористите вршат ракетни и минофрлачки напади врз цивилите во соседен Азаз и турскиот пограничен град Килис.
Со ослободување на брдото Бурсеја, вкупно се ослободени 18 точки кои беа под контрола на терористичката организација.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот.
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана.
Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија. Во овие рамки, се напаѓаат само терористите, и се обрнува големо внимание да не бидат загрозени цивилите.