Zülfiya Yakup
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Либерализацијата на визниот режим и прием на Косово во УЕФА се во служба на граѓаните на Косово, порачаа високите европски официјални лица, Федерика Могерини и Димитрис Аврамополус кој престојува во Приштина само ден откако Европската комисија даде препорака да се укине визниот режим за граѓаните на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и Димитрис Аврамополус, комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство на ЕУ, по доаѓањето во Косово, имаа деловен ручек со премиерот на Косово, Иса Мустафа и министрите од неговиот кабинет, а притоа е одржана заедничка прес-конференција.
Високата претставничка на ЕУ, Могерини истакна дека препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово е резултат на големиот заеднички труд и дека тоа значи дека Косово е во Европа, па да се продолжии долгиот и тежок процес на европски интеграции
„Оваа недела е многу важна за Косово и среќна сум што го славиме приемот на Косово во УЕФА. Овој чекор кон либерализацијата на визниот режим е за народот во Косово при што ги исполни нивните аспирации и соништa да слободно се движат низ Европа", изјави Могерини.
Таа наведе дека со премиерот и министрите на косовската влада разговарала и за дијалогот на Косово и Србија во кој е посредник, нагласувајќи дека е важна имплементацијата на договорите потпишани со Србија, кои како рече се важни не само за ЕУ и регионот, туку и за граѓаните на Косово.
„Дијалогот е многу важен за Косово и косовските луѓе затоа што претставува начин за секојдневнo зајакнување на државата", порача Могерини. Одговарајќи на прашањата на новинарите во врска со изјавите на претседателот Тачи дека треба да се смени нивото на дијалогот, таа изјави дека за тоа се уште не е дискутирано, и дека не знае дали Белград го дели тоа мислење".
Комесарот Аврамополус рече дека препораката за либерализацијата на визниот режим е резултат на големиот труд на косовските официјални лица, бидејќи Косово ги исполни сите барани критериуми. Тој истакна дека Косово до освојување на оваа препорака во Европскиот парламент и Советот на ЕУ, треба да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора и да ја продолжи борбата против корупција и организиран криминал.
„Косово е дел од европското семејство и од моментот кога се отворени вратите не е далеку ни денот кога ќе добиеме најпозитивни резултати во областа на приближување. Во тој дух Косово направи значаен напредок", изјави комесарот.
Премиерот на Косово, Иса Мустафа, оцени дека препораката за укинување на визниот режим е историски ден за Косово, бидејќи Косово излегува од изолација. Тој истакна дека со европските официјални лица разговарал и за соседските односи, па за дијалогот со Србија.
„Дијалогот и добрососедтвото се ценети европски вредности на кои Косово е посветено без никаква дилема, но Србија треба да се откаже од пречката која го прави Косово во спротивност од дијалогот со Брисел, обидувајќи се да го блокира зачленувањето на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги и европските организации", изјави Мустафа.
Високата претставничка Могерини и комесарот Аврамополус одвоено ќе бидат примени од страна на претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, а потоа ќе следува свечена седница во Собранието на Косово, на која пратениците ќе и се обратат на претставничката Могерини.