Zylfije Adem Jakupi
28 Декември 2022•Ажурирај: 29 Декември 2022
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција соопшти дека Аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина е пуштен за сообраќај откако е утврдено дека информацијата за поставување експлозивна направа била лажна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението, по извршениот увид во објектите и просторите на Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, констатирано е дека нема експлозивни направи, а дека заканата со експлозивни направи била лажна.
„По завршувањето на контролата и работите од страна на надлежните институции, работата и циркулацијата на аеродромот се вратија во нормала. Им благодариме на граѓаните за покажаното разбирање и соработка со институциите на Република Косово“, се наведува во соопштението.
Аеродромот беше затворен речиси три часа поради добиени информации со заканувачки содржини за експлозивни направи.