Турција

„Владата на Турција со месеци презема мерки за безбедност на изборите“

„Да се доведува во прашање безбедноста на одржувањето на изборите пред тие да започнат е погрешно. Владата веќе со месеци презема неопходни мерки за изборите да протечат во мир и безбедност.“

Ahmet Caner Baysal  | 23.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
„Владата на Турција со месеци презема мерки за безбедност на изборите“

Izmir

ИЗМИР (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во западниот турски град Измир изјави дека Владата на Република Турција, веќе со месеци презема неопходни мерки за процесот на изборите на 24 јуни, да протече во мир и безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим, во обраќањето за АА потсети дека граѓаните на Турција утре излегуваат на избори, во кои бираат претседател и пратеници во турскиот Парламент.

„Часови нè делат од претседателските и парламентарни избори. Нашите граѓани утре ќе излезат на гласачките места. Ќе го користиме нашето демократско право, ќе гласаме, и на тој начин ќе избереме влада која ќе управува со Турција во наредните пет години. Ќе бираме пратеници во турскиот Парламент и така низ една демократска зрелост, на мирен и безбеден начин ќе ги одржиме изборите“, изјави Јилдирим.

Тој истакна дека претставниците на ниту една од партиите кои учествуваат на изборите не треба да бидат загрижени, кога станува збор за безбедноста во самиот процес на одвивањето на изборите.

„Турција во текот на последните 15 години, колку што е на власт Партијата за правда иразвој (АК Партија), успешно помина 12 избори, вклучувајќи општи, локални и референдум, на кои беше присутна демократска зрелост. Она што е посебно специфично за изборите во Турција, а што не е присутно во другите земји на светот, е високата излезност на граѓаните на изборите. Најнискиот процент на излезност на изборите во последните 15 години беше 84 отсто. Во тој контекст, нашиот народ има развиена свест кога станува збор за изборите“, изјави Јилдирим.

Турскиот премиер ги повика сите регистрирани гласачи да излезат на изборите во што поголем број.

Тој се осврна и на странските набљудувачи, за кои кажа дека пред изборите даваат многу збунувачки изјави.

„Она што ние им го порачуваме, ’Дојдете и набљудувајте. Нека дојдат од вас 400, нека дојдат 800, не е битно колку. Но набљудувајте ги изборите на вистински начин и немојте да правите грешки на тој начин што ќе се мешате во политиката.‘ Турција е земја со развиена демократија, тоа е правна држава“, порача Јилдирим.

Тој истакна дека, за жал, одредени набљудувачки групи се однесуваат како портпароли на одредени маргинални политички структури, и дека таквиот пристап е погрешен.

„Никој нема право да става сенка на изборите во Турција, ниту да ги става под одредени прашалници. Тоа е неприфатливо и најголемата неправда која може да се стори на турскиот народ“, изјави Јилдирим, додавајќи: „Да се доведува во прашање безбедноста на одржувањето на изборите пред тие да започнат е погрешно. Владата веќе со месеци презема неопходни мерки за изборите да се одржат во мир и безбедност.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.