АНКАРА (АА) - УГУР ЧИЛ - Министерот за надворешни работи на Пакистан, Хоџа Мухамед Асиф, во врска со тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека Пакистан им обезбедува сигурно засолниште на терористичките организации, истакна: „На талибанците не им треба засолниште во Пакистан. Во последните 15 години, Американците им ја дадоа 40 отсто од авганистанската територија на талибанците. Американците обезбедија сигурно засолниште за Талибанците, а не Пакистан“, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на пакистанската дипломатија, Асиф, по официјалната посета на Турција одговораше на прашања од новинарот на АА.
Асиф нагласи дека на средбите дискутирале за односите меѓу Турција и Пакистан, а во овие рамки и околу темите како соработката во одбраната и билатералната трговија.
Тој пренесе дека во текот на средбите дискутирале и за регионалните прашања, како и за состојбата во Авганистан. „По изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, разговаравме со нашите соседи и пријатели околу потребата да се постигне доверба со цел да се развие еден заеднички став, и ја истакнавме потребата за политичко решение“, истакна Асиф.
Тој нагласи дека досега биле успешни во врска со ова прашање и се надеваат оти ќе го постигнат овој заеднички став. „Американците се обидуваат во Авганистан, кој страда околу 40 години, да го наметнат решението кое ги содржи нивните политички приоритети“, рече Асиф.
- „Клучот за решение се развојот и економското зајакнување на Авганистан“ -
Асиф вели дека го поздравуваат ставот на Турција во врска со ова прашање и истакна дека Турција и Пакистан имаат заеднички став во врска со Авганистан. Тој информираше дека е донесена одлука за повторно одржување на трилатерален самит, Турција – Пакистан – Авганистан.
Како што пренесе тој, и при посетата на Кина било разговарано околу прашањето за Авганистан, и според него, Кина по повеќе точки се согласува со Пакистан во врска со ова прашање. Асиф исто така додаде дека Кина ја разбира загриженоста на Пакистан во врска со прашањето за Авганистан.
Асиф истакна дека се надеваат оти ќе се обезбеди регионален пристап и решение кои ќе обезбедат мир во Авганистан. „Клучот на решението е развојот и економското зајакнување на Авганистан“ рече тој.
- „Американците обезбедија сигурно засолниште за Талибанците, а не Пакистан“ -
Министерот Асиф нагласи дека САД потрошиле трилиони долари во војната во Авганистан. „Ако САД попаметно трошеа, можеби одамна ќе се обезбедеше мир“, пренесе Асиф.
„Нашиот пристап по прашањето на Авганистан е подобар. Имаме поголем интерес за да се стави крај на овој конфликт, бидејќи ние живееме во оваа конфликтна зона. На нас директно влијае овој конфликт. Затоа нашите интереси се поголеми од интересите на САД“, вели Асиф, истакнувајќи дека околу прашањето за Авганистан разговарале и со администрацијата на САД.
Во врска со тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека Пакистан им обезбедува сигурно засолниште на терористичките организации“, истакна: „На талибанците не им треба засолниште во Пакистан. Во последните 15 години, Американците им ја дадоа 40 отсто од авганистанската територија на талибанците. Американците обезбедија сигурно засолниште за Талибанците, а не Пакистан“.
- „Непријателите на Турција се непријатели и на Пакистан“ -
Асиф нагласи дека Пакистан целосно ја поддржува Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО. „Непријателите на Турција се непријатели и на Пакистан“, додаде министерот.
Како што истакна тој, лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, е мафијаш. „Тие се и наши непријатели. Секој што е непријател на турската држава и на турскиот народ, е непријател и на Пакистан“, вели Асиф, истакнувајќи дека Пакистан има мошне јасен став околу ова прашање.
Министерот Асиф истакна дека тие се со Турција во борбата против тероризмот, и додаде дека пријателството меѓу двете земји е вечно.
news_share_descriptionsubscription_contact
